Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

Платежната агенција исплати 1,4 милијарди денари субвенции

Сточарите кои во 2023 и 2024 не добиле субвенции, иако ги исполнувале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сточарите кои во 2023 и 2024 не добиле субвенции, иако ги исполнувале условите, ги добија заостанатите средства, информираат од Платежната агенција. Паралелно со ова, исплатени се и обврските кон земјоделците од програмите за истиот период. Од Агенцијата посочуваат дека се исплатени околу една милјарда и четиристотини илјади денари заостанати обврски. Дополнително, до трезорот доставени се уште 540 милиони денари, средства кои се очекува да им бидат исплатени на земјоделците до крајот на месецот.

„Во преговори сме да исплатиме земјоделци кои со години чекале субвенции. Таква таргет група ни се сточарите коишто беа од 2024 година со мерката. Да дадеме предност на одредени категории за да може тој период којшто трпеле неисплата на субвенции две до три години да го покриеме и да не дозволиме изумирање на одредени гранки во целиот овој процес“, изјави директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Даниела Лазарова Иротова.

Неизвесен е откупот на јагниња пред велигденските празници. Сточарите велат дека се соочуваат со сериозен проблем. Ниската откупна цена, која во моментот е од 230 до 250 денари, не ги покрива ниту основните трошоци. Според нив, килограм жива мера треба да се продава по 300 денари за килограм.

Реклама

„Многу тешко е со сточарството. Цената е многу ниска, не можеме да излеземе на крај“, изјави Насел Џемаили.

Пред сточарите од карбинскиот регион, од Платежната агенција беа презентирани новите измени во Програмата за директни плаќања, со кои, како што беше посочено, треба да се стимулира домашното производство на храна. Во иднина ќе се следат европските трендови, односно субвенциите да се насочат кон реалното производство, наместо да се доделуваат само врз основ на обработливи површини, бидејќи досегашната пракса покажала дека токму во овој сегмент се прават и најголемите злоупотреби.