Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Свет

Пиштолот беше насочен кон него, но куршумот беше насочен кон сите нас“ – порача Трамп на комеморацијата за Кирк

„Пиштолот беше насочен кон него, но куршумот беше насочен кон сите нас“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Пиштолот беше насочен кон него, но куршумот беше насочен кон сите нас“ – порача американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата за Чарли Кирк. Во говорот пред преполниот стадион „Стејт Фарм“ во Аризона, Трамп го опиша атентатот врз Кирк како напад врз идеалите на сите конзервативци.

Десничарскиот активист Чарли Кирк, кој беше убиен на 10 септември, претседателот на САД го нарече „голем американски херој и маченик за американската слобода“.

„Тој е маченик за слободата на Америка. Знам дека зборувам во име на сите овде денес кога велам дека никој од нас никогаш нема да го заборави Чарли. А ниту историјата“, рече Трамп.

Реклама

Во својот говор пред толпата додаде дека за едно нешто не се согласувал со Кирк – тој не ги мразел своите противници.

„Тој беше мисионер со благороден дух и голема, голема цел. Не ги мразеше своите противници. Сакаше најдобро за нив. Тука не се согласував со Чарли. Јас го мразам мојот противник. И не го сакам најдоброто за нив“, додаде тој.

Убиецот на конзервативниот активист, Трамп го нарече „радикализирано, ладнокрвно чудовиште“ и ја обвини левицата за насилството во САД.

На крајот од своето обраќање, во кое го опиша Кирк како „голем човек од својата генерација“, на Трамп на сцената му се придружи вдовицата на Кирк – Ерика Кирк, а двајцата се прегрнаа. Во своето обраќање, кое на моменти беше емотивно, таа порача дека ќе ја продолжи работата на својот сопруг и дека му простила на осомничениот убиец на Кирк, велејќи дека „омразата не е одговор на омраза“.

На комеморацијата за Кирк во Аризона се собраа повеќе од сто илјади Американци. Кирк беше застрелан додека зборуваше на форум на Универзитетот во Јута на 10 септември, а подоцна почина во болница. За неговото убиство е осомничен 22-годишниот Тајлер Робинсон. Доколку биде осуден, може да се соочи со смртна казна.