Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Писателката Гордана Јовиќ-Стојковска избрана за претседателка на ДПМ

Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која денеска на редовното изборно Собрание добила поддршка од мнозинството членови на ДПМ (71). 

ДПМ  вечерва соопшти дека во пријатна колегијална атмосфера во просториите на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, членството на Друштвото на писателите на Македонија  успешно го одржало своето редовно изборно Собрание, при што избрало ново раководство. 

За членови на новиот Управниот одбор на ДПМ се избрани досегашниот претседател Живко Грозданоски, заедно со другите членови: Петар Андоновски, Драгана Евтимова, Хана Корнети, Елизабета Јончиќ и Сеида Бегановиќ.

Реклама

За нови членови на Судот на честа е избрана писателката Ирена Јурчева, поранешната претседателка на ДПМ Соња Стојменска Елзесер, како и авторите Диме Ратајкоски, Марина Мијаковска и Иван Антоновски.

– Сакам да им честитам на сите избрани, особено на младата екипа, на која особено ѝ се радувам. Верувам дека имаме многу добро конципирана изборна програма и дека успешно ќе соработуваме. Па и половина од замисленото да го направиме, соработувајќи во рамки на Друштвото, со особен обѕир кон членовите надвор од Скопје, како и од заедниците – ќе биде одлично – рече новата претседателка на Друштвото во своето обраќање до членството.

Новото раководство на Друштвото на писателите на Македонија треба наскоро да ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе избере потпретседател.