Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Петрушевски: Заев и Филипче нека бидат еднаш искрени, нека кажат како се поврзани со бизнисот со марихуана и со последниот случај, јавното обвинителство мора да ја испита нивната поврзаност 

И во случајот со околу 40 тони запленета марихуана вплеткани се Зоран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И во случајот со околу 40 тони запленета марихуана вплеткани се Зоран Заев и секако неговиот другар, Венко Филипче. Вклученоста си ја потврди сам Заев, се јави бранејќи се, наместо да им се извини на граѓаните за сиот криминал што го има направено, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува прес конференцијата на Бране Петрушевски, пратеник.

На Заев веќе никој не му верува, ама со жалопојќите на Фејсбук, тој самиот покажа дека е погоден и фатен жив на дело.

Нешто што е јасно во јавноста е несомнениот факт дека неговата влада се прослави со актуелизирање на бизнисот со марихуана, продаден како грижа за здравјето на граѓаните или канабис за медицински цели.

Реклама

Како и да е, факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.

Станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДСМ во Ново село. Тоа е Тони Котев познат  како М’гчев кој пак бизнисите ги тера со Вице Заев.

Секако основоположникот на бизнисот со марихуана владата на СДСМ предводена од Заев кога министер за здравство беше Филипче, креирала правила по своја мерка и доделувала бизниси по своја мерка, или на свои луѓе.

Сега следи целосно расчистување на криминалот во оваа област. Секој еден кој се занимава со одгледување, до производство на готови производи од марихуана ќе биде проверен. 

А за поврзаноста на Заев и Филипче еве за почеток тие лично нека дадат одговори на јавноста.

Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ. 

Случајот ќе биде комплетен само ако јавното обвинителство ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче.