Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Економија

Петрушевски: За помалку од две години, минималната плата порасна 15,4%, просечната 23,4%, инфлацијата од 14,2 спадна на 3,5-4 отсто…

Во најновото соопштение публикувано од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, а кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во најновото соопштение публикувано од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, а кое всушност е преземен статус од ФБ на пратеникот  Бране Петрушевски се зборува за прашањето за платите. Соопштението на партијата, го пренесуваме интегрално: 

„Факти наместо политички конструкции.

За помалку од 2 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ:

Реклама

Минималната плата порасна од 22.567 денари во 2023 на 26.046 денари во 2026, раст од 15,4%.

Просечната плата порасна од 36.622 денари во 2023 на 45.202 денари во 2025, раст од 23,4%.

Во исто време, инфлацијата која во 2022 беше 14,2%, а во 2023 изнесуваше 9,4%, во 2024 се стабилизира на 3,5%, а во 2025 е околу 4%.

Економијата расте шести квартал по ред, 2025 ја завршивме со кумулативен раст од 3,5%. Буџетскиот дефицит го задржавме на проектираните 4%, а јавниот долг е намален и изнесува 59,3% од БДП.

Платите растат, економијата расне, инфлацијата се стабилизира. Оптимум во дадените екомонски околности. Ќе продолжиме со уште подобри економски перформанси.

И уште еден факт:

функционерските плати не се зголемуваат откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за управување со државата.“