Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот

Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот. Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. 

Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со него повел привилигирани членови на синдикатот кои се членови и на СДСM.

И затоа, наместо да шири празни флоскули и демагогии, треба да каже дали се точни информациите кои ги добивме од свиркачи во синдикатот, дека на спортските игри  предност имале да одат оние кои заедно со него и Трендафилов протестираа, а воедно се членови на СДСM?

Реклама

Наместо УПОЗ и ССМ да бидат целосно посветени на заштита на работниците, нивното раководство предводено од Деаноски и Трендафилов, се повеќе покажува дека го губи компасот и дека се оддалечува од базата, од членството и од реалните потреби на народот.

Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат и да се трудат да го полнат џебот на работниците, а не да живеат на сметка на истите.