СДСМ го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче. Свесни за тоа што се може да сведочи Груби, во страв и паника го бранат криминалот на првиот вицепремиер на владата на СДСМ и ДУИ, па дури и се спремни да се жртвуваат за него – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.
Имено, потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска, истакна дека одлуката на тогашната влада за која, меѓу другото, се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри, кои присуствувале на седницата, односно целата тогашна влада.
Дали некои од функционерите на СДСМ се спремни да се жртвуваат за овој криминал, само Груби да не сведочи и за други криминали? Толку ли многу знае Груби што стравот и паниката во СДСМ се огромни? Зошто СДСМ со години молчеше, а со тоа и го одобруваше криминалот на Груби? Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ беше спремна на сè, само за да бидат ден повеќе на власт. Соработуваа, местеа и молчеа за голем број криминали и тоа ги доведе до речиси 130.000 гласа.
Истрагата мора да оди до крај. Одговорност за криминалот направен од СДСМ и ДУИ мора да има!
