Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Петрушевски: Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, зголемена поддршка за социјалната заштита, здравството и образованието

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, се осврна на темата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, се осврна на темата за Предлог-буџетот за 2026 година и во реплика на пратеничката од опозициската СДСМ, Јована Тренчевска, истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава.

„Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна компонента во делот на она коешто граѓаните, домаќинствата го очекуваат од еден буџет, преку овие програми и сектори кои што влијаат врз нивниот живот“, рече Петрушевски.

Реклама

Во делот на социјалната заштита, Петрушевски нагласи дека зголемена е финансиската траса кон социјалната заштита и пензионерите. Според него, пензиите ќе се зголемат за повеќе од 10%.

„Имаме зголемена траса кон социјалната заштита и пензиите. Имаме средства за пензии кои што ќе бидат поголеми за повеќе од 10%, така што да не се грижат пензионерите, ќе ги поддржиме нивните буџети согласно зголемените трошоци за живот“, истакна Петрушевски.

Петрушевски ги демантираше тврдењата на пратеничката од СДСМ, истакнувајќи дека буџетот за социјална заштита не е намален, туку зголемен. Тој исто така истакна и дека во здравството се планира поголем буџет, кој ќе овозможи нова медицинска опрема и подобри услуги за пациентите, а се осврна и на делот за образование.

„Ќе има сериозна поддршка за сите ранливи категории. Ќе има зголемена поддршка за здравствена заштита, затоа што имаме поголем буџет во здравството, ќе има пари кои што ќе се насочени кон подобрување на јавното здравство, кон нова медицинска опрема, нови услуги на пациентите. Ќе имаме средства кои што се во образованието исто така зголемени за 3,4% со акцент на средното образование, основното образование, високото образование, така што апсолутна невистина е се ова кое што се зборуваше“, потенцираше Петрушвски.

Тој се осврна и на делот за зголемувањето на просечната нето плата, како и вработеноста, и овие бројки според него, ќе ја намалат невработеноста на околу 10%.

„Согласно овој буџет, очекуваме раст на просечната нето плата на граѓаните од 6,5%, зголемување на бројот на вработени за 1,6% проценти што значи пад на невработеноста на некаде околу 10%“, посочи Петрушевски. 

Петрушевски потенцираше дека буџетските корисници учествуваа во процесот на изработка на буџетот, а додаде и дека проекциите во буџетот се реални.

„Апсолутно е невистина дека буџетските корисници не учествувале, тоа е законска обврска. Има буџетски циркулар, кој што е доставен до сите буџетски корисници, кои што го имаат пополнето, со кои што е разговарано и е скроен ваков буџет“, кажа Петрушевски и додаде:

„Проекциите не се манипулативни, напротив се реални“.