Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Петрушевски: Одредената мерка куќен притвор за Артан Груби е одлука на Обвинителството

Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на една национална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на една национална телевизија, се осврна на одредената мерка куќен притвор за Артан Груби, и нагласи дека не станува збор за преземено судство или пак договор, како што инсинуира опозициската партија СДСМ, туку дека истата мерка е одлука на обвинителството, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство, по предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската власт е независна“, дециден е Петрушевски.

Тој додаде дека обвинителтвото е со два посто доверба за кое СДСМ се бореше да не биде сменето, притоа посочи дека за претходното седумгодишно владеење на СДСМ граѓаните им станало нормално да гледаат како министри нарачуваат обвиненија, за разлика од денес кога Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Артан Груби, Перпарим Бајрами, а во истата кривична пријава е и поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Ковачевски, потенцирајќи дека можеби оттука им е и стравот и паниката на СДСМ.

Реклама

„Јас разбирам дека граѓаните веќе им станало нормално после претходното седумгодишно владеење на СДСМ да се шетаат министри во канцелариите на јавните обвинители, да нарачуваат обвиненија. Така што ова е истото тоа судство и обвинителство коешто има 2 проценти рејтинг против коешто јас секојдневно држам прес-конференции, коешто е под контрола на СДСМ и ДУИ и нивните луѓе коишто ги носеа. Кога ние излеговме и баравме комплетна смена на судскиот и обвинителскиот совет да ги разрешиме затоа што го доведоа судството до два проценти за да можеме да го ставиме на здрави нозе, токму СДСМ беше политичката партија којашто беше против тоа“, заклучува Петрушевски.