Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Петрушевски: Миодраг Давидовиќ – Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга, тој ги искористил парите за инженеринг на референдумот за името

Прорускиот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, е човек со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прорускиот бизнис партнер на Заев, Миодраг Давидовиќ – Дака, е човек со контроверзно минато, и е човек кој е на црната листа на САД, поради сомнежи за корупција и злоупотреба на влијание на Балканот, вклучително и Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денепната прес-конференција.

Дака стана познат за македонската јавност во времето на Заев, кога во 2020-тата година, излегоа аудио снимки за тоа како Зоран Заев земал пари за да се види со Дака и да направат некаков бизнис.

Во аудио снимката која пред неколку години излезе на социјалните мрежи, Дака вели дека дал 300 илјади евра и 2.000 квадрати земјиште на Заев за возврат да добие услуга. Понатаму во снимката, Дака вели дека Заев овие пари ги искористил за инженеринг на референдумот за името.

Реклама

Освен Заев, во аудио снимката на која разговараат Дака и Зоки Милески Кичеец, кој инаку е главен посредник на Заев во случајот, се споменува и името на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата на Заев, што значи дека тогашната власт на СДСМ и те како добро била поврзана со контроверзниот проруски бизнисмен Дака, па дури и го рекетирале за да можат да спроведат инженеринг на референдумот за името.

Почитувани граѓани. Ја користиме оваа прилика да им се заблагодариме на СДСМ, кои многу добро ги знаат сите фирми на Дака, со кои нивниот шеф Заев веројатно има соработувано и заработувано, за укажувањето за фирмата Хронос Сум дека била во сопственост на прорускиот бизнисмен Дака.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да прави како што правеше власта на СДСМ и Заев, туку напротив, веднаш ќе ги преземе сите законски можности за оваа фирма да не гради и инвестира во енергетски објекти, иако фирмата ги има исполнето сите услови и законски критериуми, нешто што во времето на СДСМ и Заев беше мисловна именка.