Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Петрушевски: Кога го менуваше името Заев ја убедуваше јавноста дека Македонија богато ќе ја омажи, а Филипче наспроти бугарските ултиматуми тврди дека не е загрозен македонскиот идентитет

Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија. Заев ги излажа граѓаните дека не доаѓа на власт за да го смени името, туку бараше доверба од граѓаните, небаре да донесе правда и живот за сите во Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. А Венко […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија. Заев ги излажа граѓаните дека не доаѓа на власт за да го смени името, туку бараше доверба од граѓаните, небаре да донесе правда и живот за сите во Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

А Венко Филипче, не се крие дека сака да дојде на власт за да изврши национално предавство, да ги прифати и спроведе бугарските ултиматуми, на штета на македонскиот национален идентитет.

Кога го менуваше името на државата, Заев ја убедуваше македонската јавност дека Македонија богато ќе ја омажи, додека пак Филипче сега од опозиција ги убедува дека македонскиот идентитет не е загрозен, наспроти јасните ултиматуми и негирања од страна на Бугарија.

Реклама

Бугарските власти не ги кријат нивните ставови и барања, тие сакаат македонската историја, јазик, култура, да се прогласат како дел од бугарската.

И за тоа во Македонија си најдоа специјален пратеник, Венко Филипче, кој се претворил во пиун на Радев и е најгласен да се прифати бугарскиот наратив и Бугари во Устав.

Филипче отворено и беспоговорно прифаќа се од Бугарија, во надеж дека некој од надвор ќе го донесе на власт, како што некогаш го донесоа Зоран Заев со изгубени избори.

Филипче, едно знај. Заврши времето кога со слугување на агенди на туѓи држави се доаѓаше на власт во Македонија. Тој филм СДСМ веќе не го гледа.

Граѓаните сакаат достоинствен и предвидлив евроинтегративен пат, со гаранции дека нема веќе да има барања за идентитетски отстапки. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го слуша и заедно, во сојуз со народот, ќе се избориме за заслуженото место на масата во ЕУ.