Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Петрушевски: Филипче и СДСМ за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет

Филипче и СДСМ за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче и СДСМ за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет. Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДСМ кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно наштетува на македонските позиции и црвени линии, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува прес-конференцијата на Бране Петрушевски.

Филипче и СДСМ немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански да се пишат дека се Бугари, само да дојдат на власт и да крадат.

Филипче и СДСМ немаат проблем да бидат на услуга на бугарските власти и да ја шират нивната политика и да не убедуваат дека Уставните измени се единствениот чекор што Македонија треба да го направи за да влезе во ЕУ.

Реклама

СДСМ 35 години лаже континуирано, дека прво беше знамето па влегуваме во ЕУ, па името да го промениме па влегуваме во ЕУ, па потоа беше Уставот, па потоа банкнотите, па потоа пак името, и сега пак лаже и вели дека уште само уставните измени и влегуваме во ЕУ.

Граѓаните веќе доста беа лажени од структурите на СДСМ. 35 години СДСМ лаже, а ВМРО-ДПМНЕ денес стави крај на лагите на СДСМ, и води државна достоинствена политика, базирана на дела, резултати и реформи.