Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Петрушевски: Брисел и Вајц ги потврдија фактите, СДСM ширеше невистини за ИПАРД и Реформската агенда

Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека реализацијата продолжува,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брисел потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека реализацијата продолжува, додека европратеникот Томас Вајц јасно посочи дека Македонија има напредок во делот на Реформската агенда. Со тоа, паднаа во вода обидите на Филипче и СДСM за манипулација на јавноста и земјоделците. Тие со месеци ширеа невистини дека европските средства се изгубени, дека програмата е запрена и дека земјоделците нема да добијат поддршка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.

Вистината е дека по случајот во Платежната агенција, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено реагираше, ги стопираше процесите, го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола. Извештајот покажа дека системот функционира, дека процесите се одвиваат согласно закон и дека нема злоупотреба на системот.

Дополнително, Томас Вајц ја демантираше тезата на Филипче, посочувајќи дека изјавата на која се повикува СДСM е стара неколку месеци и дека државата има напредок во Реформската агенда.

Реклама

Лажеа за мигранти, лажеа за Буџетот, лажеа за пензиите, за платите, за земјоделците. Нема за што не лажеа и беа демантирани. Наместо да ја манипулира јавноста за ситни политички поени, СДСM треба да престане со лаги и конструкции.

Додека СДСM лаже, манипулира и го продава евроинтегративниот процес за нивни лични и бизнис интереси, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи посветено на евроинтегративниот процес.