Реклама

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Економија

Петрова: Предизвик е да создадеме систем во УЈП што знае што да прави со податоците од ВИ

Примената на вештачката интелигенција и аналитичките алатки во даночната администрација треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Примената на вештачката интелигенција и аналитичките алатки во даночната администрација треба да биде придружена со јасни цели, квалитетни податоци и одговорност за донесените одлуки, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на седмата Германско-македонска конференција за контролинг, што денеска се одржа на Хајделберг Факултетот во Скопје.

Како што стои во соопштението на УЈП, во своето обраќање на конференцијата Петрова посочила дека не е предизвик само воведување на аналитички алатки и вештачка интелигенција во контролингот, туку да се создаде систем којшто ќе знае што да прави со знаењето што го добива од тие алатки.

– Предизвикот не е само да воведеме аналитички алатки и вештачка интелигенција во контролингот, туку да создадеме систем што знае што да прави со знаењето што го добива од овие алатки – рече Петрова.

Реклама

Контролингот во УЈП, вели, опфаќа планирање, следење, известување, анализа и приспособување. Неговата цел, наведува Петрова, не е само да покаже што се случило, туку и да помогне при одлучувањето што треба да се направи. 

Според неа, успешноста не треба да се мери само според бројот на реализирани активности, туку и според нивниот ефект врз однесувањето на даночните обврзници и даночната усогласеност. – Не е доволно да мериме активности за да знаеме што сме правеле. Мора да мериме резултати, но и влијанија врз однесувањето на даночните обврзници – вели Петрова.

На конференцијата, таа се осврнала и на примената на аналитиката и вештачката интелигенција во управувањето со даночните ризици. Според неа, анализата на податоците овозможува ресурсите да се насочат кон ризиците каде што можат да имаат најголем ефект. Петрова ја нагласила и потребата од квалитетни и интегрирани податоци, јасни индикатори и одлучување засновано на податоци, споменувајќи ја и меѓународната рамка „TADAT“ за проценка на работењето на даночните администрации.

– Вештачката интелигенција може да предложи одлука, но не може да поставува приоритети, не може да создаде стратегија и не сноси одговорност. Институцијата, службите и раководството ги носат одлуките и имаат одговорност за нив – посочи Петрова.

Во делот за дигиталната трансформација, директорката на УЈП ја споменува е-фактурата како можност за обезбедување структурирани податоци во реално време, како и активностите за воспоставување складишта на податоци и алатки за деловна интелигенција. Трансформацијата, оценува Петрова, бара и вложување во знаењето и вештините на вработените, како и промена на организациската култура.

Конференцијата „Тековни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и преквалификација“ ги отвори прашањата за иднината на контролингот, дигиталната трансформација, примената на вештачката интелигенција и потребата од континуирано унапредување и преквалификација на човечките капацитети во јавниот и приватниот сектор.