Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Пет јавни универзитети бараат од Собранието потпишување на колективен договор и еднаков третман со УКИМ во делот на платите

Синдикатите на пет државни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикатите на пет државни универзитети – во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“- Охрид и „Мајка Тереза“-Скопје“ бараат најдоцна до 8 март со секој универзитет поединечно да биде потпишан колективен договор и прием кај премиерот Талат Џафери за да му го образложат проблемот.

Откако почна примената на колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, потпишан во декември 2022, со што вработените на УКИМ од овој месец ќе добиваат  повисоки плати  за околу 22 отсто, синдикатите на овие пет универзитети во допис до медиумите  укажуваат дека со непотпишувањето на нивните колективни догвоори вработените им се ставени во нерамноправна положба по однос на правата, платите и надоместоците и сметаат дека се неоправдано  дискриминирани.

„Бараме најдоцна до 8 март 2024 година да се заврши постапката и да се пристапи кон потпишување Колективен договор со секој универзитет поединечно. Иницијативата за потпишување на колективните договори е започната, односно Предлог-текстот на колективните договори од сите јавни универзитети се доставени до Собранието многу пред распишување на изборите, па како синдикални претставници сметаме дека неоправдано и не по наша вина тие не се потпишани со основачот – Собранието. Бараме во најкус можен рок прием кај претседателот на Владата Талат Џафери за да го запознаеме  со нашата состојба. Доколку не бидат испочитувани нашите легитимни барања, како синдикати на петте јавни универзитети ќе мора да постапиме според начелата на синдикалното организирање, преку преземање на сите законски средства што ни стојат на располагање, вклучувајќи во крајна цел и јавен протест“, пишува во заедничкото соопштение на синдикалните претставници.

Реклама

 Тие ја  повикуваат и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како што велат, „активно да се вклучи во решавање на овој проблем, бидејќи на овој начин се кршат основните темелни вредности и уставното начело на еднаквост и недискриминација на граѓаните“.