Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Пет години во НАТО: поддршка и солидарност по трагичниот пожар во Кочани

На петгодишнината од зачленувањето на Република Македонија во НАТО, земјата им се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На петгодишнината од зачленувањето на Република Македонија во НАТО, земјата им се заблагодари на сојузниците за солидарноста и понудената рака за итно згрижување на младите пациенти настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани, каде загинаа 59 млади лица, а повеќе од стотина беа повредени.

„Вашиот брз одговор ја покажа силата на солидарноста, која е главната карактеристика на нашиот сојуз, а која во овој случај беше демонстрирана од се срце. Овој случај уште еднаш ја покажа важноста на солидарноста која треба целосно и заеднички да ја негуваме како наш главен столб во меѓусебните односи. Ви благодариме уште еднаш за сета поддршка и изразите на сочувство за еден од најтешките моменти за нашата земја“, порача шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски на средбата со амбасадорите на земјите-членки и партнери на Алијансата.

Работната средба се одржува на петгодишнината од членството во НАТО, коешто е важно поглавје за Македонија. „Изминуваат пет години на силно сојузништво, единственост, решителност и солидарност во справувањето со заедничките закани, во време на предизвици кои имаат сериозни импликации на нашата безбедност“, вели Муцунски.

Реклама

Од моментот на осамостојувањето, тој вели дека земјата се определи за евроатланските и европските интеграции, кои претставуваат не само стратешка цел, туку и извор на внатрешна кохезија и мотивирачка енергија. Потсетувајќи дека на патот кон НАТО, земјата се соочи со многу предизвици, Муцунски оцени дека ваквите околности, сепак, не биле пречка за исполнување на целите, кои се широко поддржани од македонските граѓани и од политичарите.

„Нашето членство во НАТО внесе оптимизам и има позитивни импликации врз регионот. Како членка на НАТО денес имаме можност да придонесеме кон градење на политичка и безбедносна стабилност, не само за нас туку и за регионот и за Европа. Заедно со сојузниците ја градиме европската иднина и се справуваме со предизвиците со кои се соочува европскиот континент, а коишто имаат надворешни импликации“, додава Муцунски.