Реклама
Македонија

Пет дена без тешки несреќи – „Сејф сити“ го менува сообраќајот во Скопје

Ниту една потешка сообраќајна незгода не е регистрирана во последните пет дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту една потешка сообраќајна незгода не е регистрирана во последните пет дена откако почна да функционира системот „Сејф сити“ во Скопје. МВР регистрира 18 сообраќајки кои биле со лесни повреди и 16 во кои имало само материјална штета. Или споредбено со месецот претходно за ист временски период тоа е намалување за речиси една четвртина. 

  • „Во наведените незгоди нема лица повредени со тешки телесни повреди, додека во споредба со вкупниот број на случени сообраќајни незгоди за наведениот период за месец Ноември 2025 година споредено со случените сообраќајни незгоди за месец Декември 2025 година се бележи намалување на случените сообраќајни незгоди за 24,4 %” одговараат од МВР за Алфа.

За разлика од првиот ден кога системот регистрираше неверојатни 110 илјади прекршоци, вториот ден се преполовија на околу 50 илјади, а после пет дена бројката е опадната неколку кратно, велат од полицијата. Официјални податоци ќе има откако ќе се надминат сите недостатоци кои се појавија изминативе денови во тест периодот.   Големи реакции имаше за опомената која ја добиле граѓани кои ја надминале брзината само за 1, 2 или три километри на час од дозволената брзина. Според последните информации, МВР размислува за праг на толеранција односно мало надминување на ограничената брзина. Тоа ќе биде согласно европските практики вели Младен Јаневски – инжинер по сообраќајна технологија. Толеранција од 5 до 10 проценти е пракса од европските држави бидејќи не секое возило има темпомат.

  • Тоа се прави од повеќе причини, да не навлегуваме во техникалии, но таа толеранција треба да постои од повеќе причини. Толеранцијата од 50 до 55 км/час е апсолутна разумна за да може да се избегнат оние минимални прекшоци што во даден случај може и да не е прекршок а притоа да не се оштетети граѓанинот односно да не добие глоба без реална потреба“ вели за Алфа, Младен Јаневски – Инжинер по сообраќајна технологија.

Јаневски вели дека токму поради тоа е и пробниот период за да се утврдат точните правила кои би важале во Македонија. Истовремено, доколку има потреба предлага дури и да продолжи тест периодот се со цел граѓаните се научат како функционира системот и во кои случаи ќе бидат санкционирани.

Реклама
  • Кога нешто се спроведува и е за општо добро за сите, за мое за ваше за сите остантите граѓани во државата, апсолутно сите треба да бидеме известени и да знаеме како функционира одреден систем во државата. Затоа не можеме да си дозволиме „импровизација“ со вакви работи или во период на спроведување да ги утврдуваме одредени слабости, што сметам дека е правилен потег да се направи одреден тест период, па макар и да потрае уште еден два месеци..“ вели Јаневски.

За да профункционира системот Сејф Сити во Собранието треба да се донесат измени на пет закони – законот за прекршоци, законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, законот за извршување санкции, законот за возила и Кривичниот законик.