Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Пешевска: Рамноправноста меѓу жените и мажите мора да стане составен дел од секоја политичка одлука

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, заменик-генералниот секретар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, заменик-генералниот секретар на Собранието, Бобан Стојаноски и собраниската служба на 12 и 13 ноември 2025 година учествуваа на дводневна работилница за „Унапредување на родовата сензитивност во Собранието на Македонија“, организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со ОДИХР.

Поздравно онлајн обраќање на настанот имаа Теа Јалиашвили, прв заменик-директор, Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Жаклина Пешевска ,претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, д-р Сузан Е.Пенкса, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Сања Николин, проектен офицер во ОДИХР.

Во своето обраќање Пешевска истакна: „Чест ми е што учествувам на оваа работилница посветена на унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите во процесот на подготовка и донесување закони во Собранието. Оваа активност, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДХИР, претставува значаен чекор кон градење поинклузивни политики и законски решенија кои ја одразуваат реалноста и потребите на сите граѓани.

Реклама

Како претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, искрено верувам дека рамноправноста меѓу жените и мажите мора да стане составен дел од секоја политичка одлука. Нашата цел е да создадеме законодавни рамки што го почитуваат принципот на еднаквост, ја промовираат правичноста и овозможуваат еднакво учество и видливост на жените и мажите во сите општествени процеси. Жените не се статистика, тие се двигатели на промените, носители на визија и глас што мора да бидат слушнати.

Се заблагодарувам на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР за поддршката и континуираниот ангажман во оваа област. Уверена сум дека преку заедничка работа, размена на искуства и унапредување на

практиките, ќе придонесеме кон унапредување на рамноправноста меѓу мажите и жените“.

Работилницата беше посветена на оценка на спроведувањето од првата година на Акцискиот план на Собранието за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите 2025-2027 година , како и обезбедување подлабоко разбирање за тоа како рамноправноста меѓу жените и мажите може да се интегрира во сите етапи на законодавниот процес – од иницирање, преку изработка, до усвојување на законите.

Преку практични примери, дискусии и алатки подготвени од експертите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР, учесниците имаа можност да ги унапредат своите знаења и вештини за препознавање и оценка на влијанието на законите врз различни групи граѓани.

Работилницата имаше за цел и да ја поттикне меѓуинституционалната соработка, да ги охрабри членовите на работните тела во Собранието активно да ја застапуваат еднаквоста и да овозможи креирање поефективни механизми кои ќе гарантираат дека законодавството навистина ги одразува принципите на инклузивност и еднакви можности за сите.