Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Пешевска: Комисијата за еднакви можности е силна алатка за заштита и унапредување на женските права

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, во вчерашното гостување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, во вчерашното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува – УЖ“, на тема „Жените громогласни за Македонија“, истакна дека Комисијата за еднакви можности на жените и мажите претставува значаен механизам за работа на теми поврзани со женските права.

„Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е одлична можност да работиме на сите теми коишто задираат во женските права преку одредени јавни расправи коишто ги реализиравме во изминатиов период, планираме и во иднина да ги одржуваме“, истакна Пешевска.

Таа изрази жалење што во изминатиот период, во рамки на Комисијата, не биле разгледани бројни извештаи од институциите кои се однесуваат на застапеноста и положбата на жените. Пешевска најави дека овој пропуст ќе се коригира и дека во иднина Комисијата ќе посвети внимание на ваквите документи, со цел поефикасно делување.

Реклама

„Морам да искажам едно жалење што досегашната работа во Комисијата не се реализирале низа извештаи од одредени институции воопшто не се разгледувале во Комисијата”, објаснува Пешевска.

Таа посочи дека Комисијата е веќе препознаена од граѓаните, граѓанските здруженија и институциите како релевантен чинител во креирањето на јавното мислење и иницирањето на законски промени.

„Како релевантен чинител во креирањето и на јавното мислење, но и во иницирањето на промена на одредени законски решенија и до оваа Комисија стигаат и граѓански иницијативи, инцијативи од невладини граѓански здруженија и навистина можам да кажам дека имаме исклучително успешна соработка.Добиваме признанија од институциите за нашата работа, што претставува дополнителна мотивација да продолжиме со уште посилно темпо. Иако процесот е макотрпен, поддршката и позитивните реакции се потврда дека сме на вистинскиот пат,“ заклучи Пешевска.