Реклама

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Македонија

Перински: Владата нема ингеренции во делот на решавањето на водоснабдувањето на Град Скопје

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснбадувањето на територија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснбадувањето на територија на град Скопје, ова денеска го одговори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој одговараше на новинарско прашање дали како Влада можат да помогнат во решавањето на проблемот со водоснабдувањето, бидејќи повеќе населби во Скопје се соочуваат со немање на вода за пиење во своите домови.

-И согласно законот за локална самоуправа, но и согласно законот за води одговорноста во делот на водоснабдувањето е во рамки на локалната самоуправа т.е во рамки на град Скопје. Владата тука нема никакви ингеренции, тоа сакам да го кажам, најдиректно за да стане јасно на нашите граѓани, вели Перински.

Тој додаде дека ова е кулминација од сите натложени проблеми, коишто го тиштат градот Скопје во изминатите повеќе од три и пол години и какошто рече не е само на ниво на град Скопје, туку овие проблеми кулминираат и во рамки на самите Јавни претпријатија.

Реклама

-Знаете како, од она што јас го имам како информација, тоа е дека станува збор за технички проблем и мислам дека тоа многу соодветно да ви го потврди и самиот менаџмент на Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, изјави Перински.

Министерот за локална самоуправа Перински упати и апел до новинарите да видат во кој дел од Скопје се направени најголемите инвстиции во изминатите над три години, а од кои произлегуваат и техничките проблеми.

-Но, она што е уште по интересно, еве упатувам и еден апел до вас до новинарите, да видите каде се најголемите инвестиции, којшто градот Скопје и Јавните комунални претпријатија ги имаат направено во изминатите би рекол три години и многу брзо и јасно ќе ви стане одговорот, зошто во моментов ги имаме овие технички проблеми, вели Перински.