Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Економија

Перински: Владата финансираше околу 1200 проекти во различни области во сите општини низ цела Македонија

Златко Перински, министер за локална самоуправа на настанот Саем-Отчет, 4 години работа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Златко Перински, министер за локална самоуправа на настанот Саем-Отчет, 4 години работа за тебе информираше дека оваа Влада финансираше околу 1200 проекти од различни области во сите општини ширум Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„На првиот повик од минатата година се пријавија  општините за 288 проекти, од кои 137 се завршени. На вториот повик  имаше 887 апликации, а беа прифатени точно 828 проекти.  Кумулативно тоа се околу 1200 проекти кои се реализираат со помош на централната власт“, информираше Перински.  

Според Перински градоначалниците имале многу предизвици, а немаа никаква поддршка од претходната влада.

Реклама

„Ние им помогнавме да ги детектираат предизвиците и да им понудиме одржливост и да им помогнеме во изведба на поголеми проекти бидејќи сите располагаат со различни потенцијали“, вели Перински.

Перински е задоволен од постигнувањата на општините.

„Секој се бори да направи што е можно повеќе и се надевам по изборите ќе бидат дополнително помотивирани да работат за граѓаните“, заклучи Перински.