Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Перински: Сите општини и граѓаните кои живеат во нив се подеднакво важни

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински, оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде одржа средба со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот на општината и општинската администрација. На средбата се разговараше за тековните активности на општината, развојните приоритети, реализацијата на капиталните инвестиции и потребите за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински, оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде одржа средба со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот на општината и општинската администрација.

На средбата се разговараше за тековните активности на општината, развојните приоритети, реализацијата на капиталните инвестиции и потребите за понатамошно јакнење на административните капацитети во насока на поефикасно извршување на надлежностите и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството за локална самоуправа обезбедува стручна, техничка и советодавна поддршка за општините во различни области од нивното работење.

Реклама

Министерот Перински истакна дека директната комуникација со локалната самоуправа е неопходна за навремено препознавање на предизвиците со кои се соочуваат општините и за креирање соодветни решенија.

„Нашата определба е да бидеме постојан партнер на општините и да обезбедиме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Преку Ресурсниот центар создаваме систем преку кој на нивно барање, ќе им помогнеме на општините полесно да ги надминуваат административните и техничките предизвици и поефикасно да ги реализираат своите развојни цели“, изјави министерот Перински.

Тој посочи дека Владата продолжува со силна поддршка на локалниот развој преку капитални инвестиции во општините.

„Во рамки на двата владини јавни повици, за Општина Кисела Вода се одобрени вкупно 24 проекти во вредност од 528.529.882 денари. Овие средства претставуваат значајна поддршка за реализација на проекти кои директно ќе придонесат за подобрување на условите за живот на граѓаните и за понатамошен развој на општината“, нагласи Перински.

Градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска потенцираше дека директната соработка помеѓу централната и локалната власт е клучна за ефикасен развој на општините, па оттука и денешната работна посета на министерот за локална самоуправа, Златко Перински е исклучително важна.

„Ова е можност за суштински дијалог за предизвиците и стратешките цели пред кои се наоѓа Кисела Вода. Во рамките на денешните состаноци, како со мене така и со претседателката на Советот, советниците и раководителите на општинските сектори, разговаравме за конкретни модели за поддршка од страна на Министерството. Од особена важност е што министерството за локална самоуправа стави на располагање Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините. Ова за нас претставува вреден дополнителен инструмент кој нуди стручна помош и дигитални алатки, што ќе ни овозможат уште подинамично и поуспешно да пристапиме кон изработка и реализација на нашите идни проекти“

Министерството продолжува и во наредниот период, со посети и непосредни средби во општините, со цел зајакнување на соработката и унапредување на локалниот развој.