Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Пензионерите бесни на Уставните судии, бараат да не си играат со нивната егзистенција

Се тенчи трпението на пензионерите. По неуспешниот обид на Уставен да им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се тенчи трпението на пензионерите. По неуспешниот обид на Уставен да им ги ускрати повисоките пензии кои ги добија со одлука на влада, највозрасните граѓани им порачаа на дел од судиите. „Нашите пензии не се само бројка на хартија, туку живот“. „Не ни ги кратете парите од удобните фотелји, затоа што ние живееме од нив“. Пензионерите категорични, велат дека никој нема право да си игра со нивните судбини и животи и апелираат судиите да престанат да ја мерат уставноста на владината мерка на нивна сметка. Додека во судниците се бројат членови и алинеи, оние со најниски примања се жалат дека ги бројат последните денари до Нова година.

И додека дел од судиите сакаат да им ги ускратат зголемувањата на пензионерите, во исто време им остана неисполнета новогодишната желба за повисоки плати. Со петни жили се обидуваа да ја убедат јавноста дека одлуката на Владата да не им одобри дополнителни средства, претставувало директен упад во финансиската независност на судството и обвинителството. За пензионерите со ваквото лицемерие одамна ја прелиле чашата.

Вчерашното гласање на Уставен за укинување на линеарното зголемување во спортски жаргон, заврши нерешено, 4 : 4. Претседателот на Уставен, Костадиновски, најави дека ново гласање ќе има откако ќе се комплетира целиот состав на судии. И додека законот е на тест, пензионерите се во грч, но велат, дека со досегашните зголемувања полесно се дише.

Реклама

Животот им е поподнослив и подостоинствен. Со зголемувањата во 2024 и 2025 станаа побогати за околу 6.000 денари, а дополнителни 1.000 денари може да очекуваат и следната година. Најниската пензија сега надминува 18.000 денари, просечната е над 26.000, а има и пензии кои достигнуваат над 80.000 денари.