Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Пецаков: Реконструкција на кеј „Македонија“, изградба на Младински културен центар и со цел заштеда на народните пари поставување фотоволтаици на јавните институции

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на вечерашниот митинг во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека градот ќе продолжи да се развива со заедничка работа, труд, визија и со конкретни дела, притоа ги наведе и проектите кои што следат во иднина како за младите така и во областа на инфраструктурата, дигитализацијата се со цел подобри услови за сите охриѓани.

„Реконструиравме училишна зграда за ООУ „Кочо Рацин“ и комплетно ја опремивме, и слободно можам да кажам дека тоа е прво ново училиште изградено во Охрид од осамостојувањето на Македонија. Имаме план и програма за модерен, дигитален, економски силен и зелен Охрид. Планираме реконструкција на Кеј „Македонија“ и дел од булеварот „Туристичка“. Изградба на нов Младински културен центар, ќе го уредиме кејот во Пештани и градскиот пазар во Охрид, ќе создадеме зелени зони и простори за семејствата! Ги дигитализираме услугите на Општината со QR-кодови за документи, онлајн плаќања, електронски услуги“, вели Пецаков.

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид ги посочи проектите кои се од суштинско значење за чист и зелен град, но и инвестиции со што би се зачувала традицијата и културата на градот.

Реклама

„Започнуваме со поставување фотоволтаици на сите јавни институции кои се под Локалната самоуправа. Се поставуваат модерни корпи за отпад, а домаќинствата ќе имаат можност да ги користат субвенциите од Општина Охрид за поставување на фотоволтаици. Планираме реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ.  Продолжува поддршката на нашите фестивали: Охрид Ватер Фестивал, Вино Фест, Џез Фестивал, Коктел Фест“, рече Пецаков.

На крај од своето обраќање Пецаков ги повика граѓаните масовно да излезат на 19 октомври и референдумски да дадат поддршка за бројот 9, за победа во прв круг и за мнозинство во Советот на општина Охрид.