Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Пецаков: Остануваме посветени на спроведувањето на препораките на УНЕСКО

Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата остануваме целосно посветени на спроведувањето на препораките за заштита на Охридскиот Регион како светско културно и историско наследство заштитено од УНЕСКО. Тоа на својот фејсбук-профил го исткнува градоначалникот Кирил Пецаков, кој е дел од државната делегација што е наоѓа во Париз во седиштето на УНЕСКО, каде што има средби со надлежните лица во светската организација.

Пецаков, кој, како што вели, е првиот градоначалник на Охрид што остварил средба со генерален директор на УНЕСКО, посочува дека се сретнал и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО.

– Како татко на градот, моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно онаму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита дека се работи на долгорочна и одржлива заштита, која ќе го зачува статусот на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО. Ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија бидејќи езерото бара заеднички пристап – вели Пецков.

Реклама

Тој уште нагласува дека Охрид бара лидерство и конкретни дела, како и дека односната посета е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за Охрид како национално културно и природно богатство.