Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Патот Струга – Ќафасан пуштен за сите видови возила, снег на повеќе места

Патниот правец Струга – Ќафасан од 11 часот е пуштен за сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патниот правец Струга – Ќафасан од 11 часот е пуштен за сите видови возила, откако поради обилни врнежи од снег изутрината во 05.15 часот беше воведена забрана за камиони, информира АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни  оловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но, според АМСМ, во моментот не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

АМСМ потсетува дека граничниот премин Богородица (ГП Евзони) од 17 часот ќе биде затворен за сите видови возила.

Реклама

Поради протест на грчките земјоделци, денеска, од 10 часот, на ГП Ники (ГП Меџитлија) има забрана за движење товарни возила, која ќе биде во наредните 48 часа, заклучно со 10.1.2026 г. во 10 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.