Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Патот Ранковце-Крива Паланка ќе биде готов до Нова Година

Од Скопје до Софија за два и пол часа до Нова Година.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Скопје до Софија за два и пол часа до Нова Година. Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка ќе биде готов до крајот на годинава, најавија вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.

Овој патен правец како дел од Паневропскиот коридор 8 започна да се гради уште во 2018 година, но роковите се пробиваа а 25-те километри се уште не се завршени. Новиот министер  вели дека се доцни со изградбата од необјасливи причини, поради лажните ветувања и неработењето на минатата власт.  Не е завршено со експропријацијата а проблеми имало и со изведбата.

– Проектот е делумно финансиран со заем од Светска банка, пари што треба да ги вратиме, а делумно, се грант од околу 14 милиони евра. Сакам да се заблагодарам за грантот, сума што за држава како Македонија не е мала работа. Во однос на изведбата на патот, има проблеми со експропријација, има проблеми со изведба, но тоа е наша работа, јас кажав пред некое време, што ќе правиме – ќе правиме, работите ќе ги завршуваме, вели Николоски.

Реклама

Вредноста на проектот е 93,7 милиони евра и се гради во две фази, првата е готова 71 отсто, а втората делница е реализирана 90 отсто.

Завршувањето на патот ќе придонесе  за развој натрговијата и побрз проток на стоки и услуги.

-Патот се гради во два Лота и тоа од Страцин до Длабочица во должина од 15 километри и од Длабочица до Крива Паланка во должина од 10 километри. Досега процентот на изградба на едниот Лот е 71%, а кај другиот Лот е околу 90%. Очекуваме до Нова година да биде завршен, кажа Трајановски.

-Овој пат ќе помогне да се забрза комуникацијата со Софија, да се скрати времето на патување за да се отвори нашиот главен град и кон и Софија и патувањето да дојде на некои пристојни два и пол часа, што мислам дека е едно сосема пристојно време за патување од Софија до Скопје и на тој начин да го отвориме Коридорот 8, рече Николоски.

Инаку, предвидено е експресниот пат да има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец.

Опозицијата пак која го градеше патот шест години со свои обвинувања – тврдат дека единствена причина зошто делницата не била завршена е поради што ВМРО – ДПМНЕ од политички причини до пред неколку месеци го блокирале грантот во Собрание со кој требало да се заврши изградбата.