Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Свет

Папата Франциск останува во болница

Папата Франциск, кој минатата недела беше хоспитализиран поради бронхитис и инфекција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Папата Франциск, кој минатата недела беше хоспитализиран поради бронхитис и инфекција на респираторниот тракт, ќе остане во болница откако анализите покажаа слаба крвна слика, а неговата терапија ќе биде соодветно модификувана, соопшти денеска Ватикан.

„Резултатите од тестовите направени во последните денови и денес покажаа полимикробна инфекција на респираторниот тракт, што доведе до дополнителна промена на терапијата. Сите досега спроведени тестови укажуваат на сложена клиничка слика за која ќе биде потребна соодветна хоспитализација”, се наведува во соопштението од Ватикан.

Во соопштението се додава дека папата, и покрај неговата болест, успеал да се одмори изминатата ноќ и останува под надзор на лекарите, пренесува Ватикан Њуз.

Реклама

Минатата недела, за време на миса во Ватикан, 88-годишниот понтиф побара од еден асистент да ја заврши неговата беседа бидејќи имаше потешкотии со дишењето. На 14 февруари тој беше примен во болницата „Агостино Џемели“ во Рим, за да му бидат направени анализи и да продолжи со третманот за бронхитисот.