Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Пановски: Држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи со епидемија

Природно е луѓето да бегаат од жариштата со корона вирус – вака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Природно е луѓето да бегаат од жариштата со корона вирус – вака микробиологот доктор Никола Пановски ја правда вчерашната одлука на илјадниците скопјани кои за два часа го испразнија главниот град и заминаа во внатрешноста. Вели опасност да се прошири вирусот нема само под услов да се почитуваат строгите правила – носење маски и социјална дистанца.

„Ако се по викендички и ако не одат по гости, нема апсолутно никаква опасност да ја рашират болеста, ако не одат по ресторани и почитуваат мерки. Мислам дека во Охрид не работат хотелите, не работат приватни сместувања, отидоа тие што имаат станови таму. Се надевам дека не одат по гости кај пријатели, тоа не би било добро“, вели доктор Пановски.

Пановски е на став оти пикот на заразата допрва доаѓа. Вели новодијагностицираните пациенти се последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби и додава оти држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи ниту со епидемија.

Реклама

„Не смееше да се случи олеснување на мерките, ниту целосно укинување на полицискиот час. Тој требаше да си остане барем од 22 до 5 часот. Ова сега е последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби. Држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи со епидемија“, додава тој.

На социјалните мрежи лавина реакции по последните одлуки на владата за селективен полициски час. Професорот по кривично право Гордан Калајџиев преку социјалните мрежи побара оставка од министерот за здравство Венко Филипче и од Комисијата за заразни болести.

Нов состав на Комисијата побара и докторот по општа медицина Ненад Лазаров, кој смета дека таа треба да работа во функција на здравјето, а не во интерес на политиката.

Биљана Божиновска