Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Панел-дискусија „Ученички активизам за безбедни училишта“

Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска организира панел-дискусија на тема „Ученички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска организира панел-дискусија на тема „Ученички активизам за безбедни училишта“. Фокусот ќе биде ставен на потребите и предизвиците со кои се соочуваат образовните институции при справувањето со различни форми на насилство.

-Настанот ќе придонесе за промовирање на добрите практики идентификувани и поддржани преку проектот, како и за отворање дискусија за предизвиците во препознавањето, превенцијата и справувањето со сите видови насилство во училиштата, наведува Меѓаши. 

Воведни обраќања ќе имаат Драги Змијанац, претседател на Меѓаши и Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата на младински организации СЕГА. Потоа следуваат панел-дискусиите: „Актуелни политики и пристапи при справување со различни форми насилство“ и „Практични искуства, придобивки и предизвици со модел за безбедна училишна средина“.

Реклама

Настанот се организира во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, што го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, а е финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци.