Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Панел-дискусија за демократијата, граѓанската должност и трајното наследство на Тукидид: Зошто Перикле е сè уште релевантен денес? 

Амбасадата на Грција во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Грција во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ заеднички организираа панел-дискусија посветена на книгата „Погребното слово на Перикле“ од Тукидид, еден од највлијателните текстови во политичката историја. Воедно, на настанот беше промовиран и новиот превод на „Погребното слово“, објавен од издавачкиот центар TРИ, стои во соопштението од Амбасадата на Грција во Скопјe.

Деканот на Правниот факултет, д-р Сашо Георгиевски ја отвори дискусијата нагласувајќи дека слободата и стабилноста зависат од активното учество на граѓаните во управувањето, истакнувајќи ја и важноста на академската соработка. Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, истакна дека Погребното слово останува релевантно и денес затоа што ја претставува демократијата како култура изградена врз граѓанска одговорност, еднаквост пред законот и посветеност на општото добро.

Преведувачката на книгата и виш научен соработник во Институтот за старословенска култура, д-р Марија Чичева-Алексиќ, зборуваше за значењето на директниот превод од старогрчки јазик, истакнувајќи ги вредностите на arete (извонредност) и kalagathos (граѓанска доблест), кои се во сржта на Погребното слово.

Реклама

Професорот Спиридон Влахопулос (Национален и Каподистриски универзитет во Атина) го анализираше Погребното слово од уставна гледна точка, наведувајќи дека за Перикле граѓанското учество не е само право, туку и должност. Демократијата не зависи само од институциите, туку пред сè од активни граѓани кои учествуваат и преземаат одговорност за јавниот живот. Тој дополнително нагласи дека атинската слобода никогаш не била поистоветена со беззаконие, туку со почитување и на пишаните закони и на непишаните норми.

Професорката Јулија Брсакоска Базеркоска (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“) го анализираше текстот низ призмата на меѓународните односи, претставувајќи го Перикле како модел на одговорно демократско лидерство. Поаѓајќи од Пелопонеската војна, таа ги разгледа согледувањата на Тукидид за човечката природа и однесувањето на државите, осврнувајќи се и на современи концепти како „Тукидидова стапица“ и безбедносната дилема меѓу растечки и воспоставени сили. Таа ја истакна континуираната важност на демократските вредности, силните институции и одговорното лидерство.

Професорот Ненад Марковиќ (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“) идентификуваше пет клучни граѓански вредности во говорот на Перикле — евномија, изнономија, исегорија, паресија и филантропија, и ги поврза со три главни дебати во современата демократска теорија: партиципативна, асоцијативна и делиберативна демократија. Тој го опиша текстот не само како погребен говор, туку и како концизен водич за организирање политички заедници, при што посочи и на често занемареното размислување за рамнотежата меѓу граѓанската должност и личната благосостојба.

Модератор на панел-дискусијата беше заменик-деканот, д-р Драган Гоцевски, а панелот заврши со отворена дебата за демократијата, граѓанската должност и релевантноста на класичната мисла во современите предизвици.