Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Панел-дискусија „Од диплома до вработување – како високото образование да одговори на барањата на економијата“

Во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје денеска ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусијата „Од диплома до вработување – како високото образование да одговори на барањата на економијата“.

Панелот е во организација на Балканскиот институт за регионална соработка, во соработка со партнерските организации Форум за разумни политики и Институт за општествени и хуманистички науки Скопје, во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

На панел-дискусијата ќе се обратат заменик-министерот за образование и наука Дритон Сулејмани, Марјан Бојаџиев од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) и потпретседател на СКМ, проф. д-р Блерта Абази Чауши, декан на Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ и Марија Башеска од „Finance Think“. Воведни обраќања ќе имаат Гордан Георгиев од Форум за разумни политики (ФРП) и Џелал Незири од Балкански институт за регионална соработка (БИРС).

Реклама

Како што посочуваат организаторите, панел-дискусијата ќе обедини претставници од бизнис-заедницата, академската сфера, граѓанскиот сектор и институциите, кои ќе разговараат за предизвиците и можностите за подобро усогласување на високото образование со потребите на пазарот на труд и економскиот развој.

-Темата е особено актуелна во контекст на потребата од подобро усогласување на образовните политики со потребите на стопанството и пазарот на труд во Северна Македонија. По воведните излагања ќе следува модерирана панел-дискусија и отворена дебата со присутните – соопштуваат организаторите на панел-дискусијата.