Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Панел-дискусија „Моментот на основање на Европа: Зошто беше основана Европската Унија и што таа значи денес“

Институтот за национална историја – Скопје, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за национална историја – Скопје, во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер, денеска во Порта Македонија организираат панел-дискусија на тема „Моментот на основање на Европа: Зошто беше основана Европската Унија и што таа значи денес“, како дел од серијата „Дијалог за историја и стратегија“.

Серијата „Дијалог за историја и стратегија“ има за цел да отвори критичка и структурирана дискусија за врската помеѓу клучните историски настани и нивното влијание врз денешната стратешка и безбедносна средина.

Првата сесија ќе се фокусира на причините за создавањето на Европската Унија, лекциите научени од европската историја и нивната релевантност во сегашниот контекст на зголемени геополитички тензии.

Реклама

Воведни обраќања, според најавата од организиторите, ќе имаат претседателката Гордана Силјановска-Давкова, директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов, раководителот на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) за Македонија и Косово, Даниел Браун, амбасадор на Италија, Паоло Палминтери и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.

Дискусијата ќе опфати неколку клучни прашања релевантни за разбирање на современите европски и глобални случувања: историските темели на Европската Унија и нејзината оригинална стратешка цел, улогата на историјата во обликувањето на денешната европска безбедносна архитектура, предизвиците со кои се соочува ЕУ во средина на зголемена геополитичка конкуренција, лекции од минатото и нивна примена во спречувањето на идните конфликти, како и позицијата на малите држави во современиот европски и светски поредок.