Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Пандов предлага судењето за трагедијата во кочански „Пулс“ да се одвива во дигиталната судница во Идризово

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово. Посочи дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Оваа судница е направена во 2020 година. Првото судење е направено дури после две години, во 2022 година, и од тогаш за жал до ден денес, оваа судница е празна. Оваа судница е под Управата за извршување на санкции, меѓутоа пред се и над се, на Македонија. Не знам колку сте имале можност да ја видите судницата, ова е европска судница и заслужува многу почесто да биде користена, рече Пандов.

Тој напомена дека судницата е во одлична состојба и се она што недостасувало од технички аспект, сега е поправено. Пандов најави дека до крајот на годината или до почеток на следната ќе почне изградба и на втората фаза од затворот Идризово, што се наоѓа во близина на оваа судница.

Реклама

-И пристапниот пат е проширен, така што мислам дека во идно време посакувам и верувам во тоа дека оваа судница ќе биде многу почесто користена.Она зеленило што го гледате на 50 метри од самата судница е предвидено за изградба на втората фаза од затворот Идризово, за кој што јас искрено се надевам дека ќе започне до крајот на годината, ако не почетокот на следната година. Таму ќе се наоѓа притворот, ќе има 420 кревети за 420 осомничени лица. Ќе биде идеална за сите останати судења, не само поголемите судења, туку и помали судења, за да не треба да се прават спроводи од Шутка или од Куманово или од некој друг град до Кривичен, туку веднаш до самата судница ќе биде главниот притвор на државата, додаде Пандов.

Напомена дека за ова веќе се обезбедени сите потребни дозволи и одмрзнати се парите од Банката за обнова и развој.

-Парите беа замрзнати, затоа што ние сме под постојан мониторинг на Комитетот за борба против тортура, кој што е составен дел од Совет на Европа. Тие имаа огромен број на забелешки на работењето на македонските затвори, на Управата за извршување на санкции и нашите пари од кредитот беа под мораториум. Ние ги имавме на сметка, но не можеа да се користат. Сега истите се одмрзнати, рече Пандов.

На новинарско прашање дали е можно во оваа судница да се одржи и судењето за случајот со пожарот во Кочани, Пандов напомена оти искрено верува и затоа испрати апел до судиите кој ќе го водат тој случај.

-Јас во тоа име и се обраќам сега, како повик до секој судија. Не знам кој ќе биде судија на тој случај, но искрено верувам дека ќе се одвива тука, додаде Пандов.