Реклама

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Македонија

Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител

Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда!…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! – објави пред малку на ФБ екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски. 

Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител затоа што наводно не го исполнувал условот – 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право. 

Потврдата што Панчевски ја објави покажува дека го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител.

Реклама

Во нејзе стои: 

„ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, потврдува дека лицето

Владимир Панчевски бил во редовен работен однос на неопределено време во овој суд, на работно место – Судија од 08.02.2008 година до 28.07.2020 година и има вкупен непрекинат судиски стаж во овој суд од

12 години, 5 месеци и 20 дена.

Во текот на судискиот стаж лицето Владимир Панчевски како судија постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција,

Одделот за претходна постапка и Одделот за прекршоци, а истиот беше и Претседател на Основниот Кривичен суд Скопе.

Потврдата се издава на негово барање.“

На потврдата е потпишан Дејан Нешовски како судски администратор на скопскиот Основен кривичен суд.