Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Судски совет: Недостигот на судии во Штип ќе се надминува со времено упатување на четворица судии

Судскиот совет на денешната седница донесе повеќе одлуки поврзани со организацијата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на денешната седница донесе повеќе одлуки поврзани со организацијата и функционирањето на судовите, меѓу кои времено упатување четворица судии во Основниот суд Штип поради недостиг на судиски кадар, одбивање на приговор на судијка од Основниот суд Велес за нејзино распоредување во кривичен совет за време на празничниот викенд, како и разрешување судии-поротници од повеќе основни судови поради истекување на мандатот или исполнување на законските услови за престанок на функцијата.

Во рамките на денешната 559-та седница Судскиот совет го одби како неоснован приговорот на судијката Лорета Тодорова од Основниот суд Велес против одлука на претседателката на судот за нејзино распоредување во кривичен совет за време на претстојниот продолжен викенд, на 23, 24 и 25 октомври.

Приговорот на Тодорова се однесуваше на одлуката на претседателката на Основниот суд Велес, Валентина Ѓорѓиевска, со која таа беше определена за член на кривичниот совет во текот на трите празнични дена. Судијката во приговорот навела дека со одлуката незаконски се менува годишниот распоред за работа без претходно мислење од седницата на судии, дека иако работи во граѓанскиот оддел била распоредена во кривичен совет и дека не е обезбедена рамномерна распределба на работните обврски. Таа укажала и дека во тие денови е дежурна како граѓански судија за предмети поврзани со семејно насилство, како и на претходни измени на годишниот распоред за кои смета дека биле незаконски.

Реклама

Во известувањето на претседателката на Основниот суд Велес, доставено до Судскиот совет, се наведува дека оспорената одлука не претставува измена на годишниот распоред, туку привремена организациска мерка за непречено функционирање на судот за време на празничниот викенд. Според образложението, поради претходно најавени отсуства на судии кои вообичаено се распоредени во кривичниот совет, било неопходно да се обезбеди негово функционирање и постапување во случај на итни предмети.

Известителката по предметот, членката на Судскиот совет Сузана Јошевска-Анастасовска, предложи приговорот да биде одбиен како неоснован. Таа оцени дека станува збор за временска организациска мерка, која не претставува трајно прераспоредување на судијката ниту измена на нејзините редовни работни задолженија. Во расправата беа изнесени различни ставови за одлуката.

Член на советот, Ивица Николовски не се согласи и оцени дека, иако претседателот на судот има обврска да ја организира работата, распоредувањето судија од граѓански во кривичен оддел отвора прашања за стручната подготвеност, рамномерната распределба на обврските и потребата од почитување на постојните состави на кривичните совети и нивните заменици.

Членот Исамедин Лимани се согласи со известителот, додека членката на Советот Тања Чачарова-Илиевска ја поддржа препораката приговорот да биде одбиен, посочувајќи дека судовите работат со недоволен број судии и дека во конкретниот случај станува збор за обезбедување функционирање на кривичниот совет во текот на празничните денови. Таа нагласи дека треба да се има предвид состојбата во судството и ограничените можности за формирање совети. По расправата, Судскиот совет го стави предлогот на гласање и одлучи да го одбие приговорот.

Во втората точка, Советот донесе одлука за времено упатување четворица судии во Основниот суд Штип, со цел да се надмине недостигот од судиски кадар и да се овозможи непречено постапување по предметите.

Координаторката за работата на Основниот суд Штип, Тања Чачарова-Илиевска, информираше дека од предвидените 19 судиски места во овој суд во моментов се пополнети само седум, вклучувајќи го и претседателот на судот. Како што наведе таа, двајца од судиите не можат да одговорат на потребите на судот со проширена надлежност, бидејќи се новоизбрани.

Дополни дека недостигот создава тешкотии во формирањето кривични совети и во одлучувањето по граѓанските предмети, имајќи го предвид приливот на предмети во судот. За привремено да се ублажи состојбата, беше предложено во Основниот суд Штип да бидат упатени судиите Ангел Трипчев и Дејан Перчинковски од Основниот суд Велес и Сенида Јашар и Ирена Јаниќ од Основниот кривичен суд Скопје. Според образложението, има согласност од тамошните претседатели и нема да се наруши работата на овие судови. Судскиот совет го прифати предлогот и донесе одлука четворицата судии да бидат времено упатени во Основниот суд Штип за период од една година, сметано од 16 ноември 2026 година.

На седницата беа донесени и одлуки за разрешување судии-поротници од неколку основни судови, поради истекување на мандатот или исполнување на законските услови за престанок на функцијата. Разрешени беа поротници од судовите од Кавадарци, Струмица, Ресен. Дел од одлуката ги презентираше членот, Џенета Бектовиќ. Во расправата Чачарова Илиевска  укажа дека претседателите на судовите треба навремено да ги следат мандатите на судиите-поротници и навреме да доставуваат предлози за разрешување кога ќе настапат законските услови.

На дневниот ред на седницата, покрај овие точки, беа и барањата за надоместок на трошоци поврзани со вршењето на судиската функција, како и други прашања од надлежност на Судскиот совет. Во записникот од седницата е наведено дека Советот одлучувал и по барање на судија на Врховниот суд, за надоместок на патни трошоци на релацијата Штип – Скопје и обратно, кое се прифати.

Советот ја исклучи јавноста од расправата по преостанатите точки од дневниот ред.