Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Започнува вацинацијата против сезонски грип

 55 илјади граѓани за само една недела се пријавиле за вкацинирање против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 55 илјади граѓани за само една недела се пријавиле за вкацинирање против сезонски грип . Од пријавените најголем дел, или над 60 проценти се хронично болни. Имунизацијата официјално започна, а први на листите се ризичните групи – граѓаните со хронични заболувања, бремените жени, здравствените работници и луѓето над 65 години. Министерот за здравство со сопствен пример испрати порака дека вацкината е најважната превенција од грипот. Министерот Клековски ги повика и  здравствените работници да се имунизираат во што поголем број.

-Денеска се вакцинира. Се пријавив за вакцината за сезоснки грип како хронично болен и сакав на овој начин да ја промовирам и потребата од вакцинација. Нема подобар начин да се заштитите од сезонски грип ако сте над 65 години, имате хронични болести сте трудница иили мало дете, за тоа родителите одлучуваат и истовремено да го означам почетокот на вакцинацијата за сезонски грип–истакна министерот Клековски

Реклама

 И пулмолозите со апел до граѓаните особено до ризичните групи да се вакцинираат навремено се со цел да се избегнат компликации од вирусот.

-Многу е битно  пациентите што имаат респираторни хронични заболувања да се вакцинираат бидејќи имаме страшни гужви декември и јануар. Пацинетите мора да си го заштитат своето здравје, за жал тогаш се качува бројката на смртни случаи. Сево ова може да го избегнеме со вакцинирањето–апелира дирекорот на Институтот за ТБЦ Димитар Кекиновски

Во првите неколку часа од стартот на вакцинацијата веќе неколку стотици граѓани ја примија вакцината. Надлежните велат дека сезоната на грипот уште не е започната бидејќи во изминатата недела имало само 65 сомнителни случаи на грип а само двајца потврдени и тоа од типот А.  Интензивно се одвива и известувањето на граѓаните. Се очекува во наредните денови вакцини да примат над 1000 граѓани. Во моментов на располагање се 50 илјади дози на јужнокорејски тривалентни вакцини  а следната пратка од 26 илјади дози се очекува да пристигнат до 15 ноември.