Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Делчево и Македонска Каменица со иницијатива за соработка со италијанската општина Неиве

Градоначалниците на Делчево и Македонска Каменица, Иван Гоцевски и Соња Стаменкова, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалниците на Делчево и Македонска Каменица, Иван Гоцевски и Соња Стаменкова, денеска остварија средби со делегација од италијанската општина Неиве, предводена од градоначалникот Паоло Пичинели, со цел воспоставување и продлабочување на пријателските односи и разгледување можности за идна соработка меѓу локалните заедници.

На средбата во Делчево, градоначалникот Гоцевски го пречека градоначалникот Пичинели и неговата заменичка Луиза Бофа. Како што информираше Гоцевски, разговорите поминале во духот на искрена блискост, пријателство и меѓусебно разбирање, со заедничка желба за поврзување на двете општини и нивните граѓани.

Како што информира Гоцевски во својата објава на фејсбук, посебен акцент на средбата бил ставен на можностите за соработка во туризмот, образованието, спортот, културата и гастрономијата. Како прв конкретен чекор, било договорено наскоро да се организира одбојкарски натпревар меѓу млади спортисти од Делчево и Неиве, меѓу кои има и млади Македонци со потекло од регионот.

Реклама

Гоцевски посочи дека значајна улога во поврзувањето на двете средини има и Силвана Трајановска, избрана советничка во Општина Неиве, задолжена за ресорот образование, на која ѝ упати благодарност за придонесот во воспоставувањето на контактите.

На средбата била истакната и поврзаноста преку културното наследство под заштита на УНЕСКО. Неиве е дел од подрачје со статус на светско наследство, додека од Делчево потекнува традиционалното оро „Копачка“, впишано на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото.

Градоначалникот на Делчево истакна дека делегацијата од Неиве била импресионирана од Делчево и знаменитостите што ги посетила, како и од посветеноста и трудољубивоста на Македонците од овој регион кои живеат и работат во Италија.

Средба со италијанската делегација оствари и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која исто така во објава на фејсбук истакна дека посетата претставува можност за меѓусебно запознавање, размена на искуства и разговор за воспоставување соработка меѓу двете општини.

На средбата во Македонска Каменица присуствувале градоначалникот на Неиве Паоло Пичинели, заменик-градоначалничката Луиза Бофа и членката на Општинскиот совет, Силвана Трајановска.

Стаменкова оцени дека ваквите средби се значаен чекор кон градење нови пријателства, поврзување на локалните заедници и отворање можности за реализација на заеднички иницијативи во иднина.

Посетата на делегацијата од Неиве отвора можност за понатамошно институционално и граѓанско поврзување, особено во областите на културата, спортот, образованието и туризмот, а како дополнителен мост меѓу заедниците се издвојува и присуството на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Италија, чие седиште се наоѓа во Неиве.

Градоначалниците Гоцевски и Стаменкова изразија очекување дека воспоставените контакти ќе прераснат во конкретни активности и долгорочно пријателство меѓу Делчево, Македонска Каменица и Неиве.