Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Палевски предложи сведок кој судот не може да го пронајде

Љупчо Палевски Палчо тврди дека бил во банка од 10 до 12…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Палевски Палчо тврди дека бил во банка од 10 до 12 часот на 27 – ми ноември 2023-та година, а тоа е по киднапиранањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Таму разговарал со пензионирани професор со име Мартин Панчевски кој беше предложен како сведок на одбраната, судот пратил покана да дојде и да даде исказ, но добиле повратен одговор дека такво лице на таа адреса на постои. Судот ќе ја бара снимката од банката во која Палчо тврди дека бил да изврши уплата.

  • “Обвинителството прикажува снимки на кои се гледа возило што се движи низ Скопје, но не и кој го управува. Доказот што го доставуваме покажува дека Палевски бил во Халк банка во истиот период. Не може да биде на две различни локации истовремено,” рече адвокатот Страшевски.

Во домот на Боре Видевски, биле пронајдени куршуми од 9 мм за пиштол, ловџиска пушка и патрони, но не и пиштолот за кој имал дозвола. Полицијата веднаш му ги земала и отпочнале постапка за одземање на дозволата за оружјето. Ова го тврдеше полициски службеник од СВР Велес, кој сведочеше на на предлог на Палевски. Според него, сопругата на Видевски ги предала на 04 декември 2023-та година а Палевски тврдеше дека оружјето не било внесено во записникот 9 дена подоцна кога сите докази, велешката полиција ги предала на СВР Скопје.

  • „Предметите не, а документацијата да, ги предадовме на колегите од СВР Скопје. Тие се предмети за управна постапка за трајно одземање на оружје и тие се предадени во магацин на СВР Велес на чување. Исто и дозволите за оружје се предадени во магацинот на чување“ рече сведокот.

Судот не прифати да се бараат податоци од СВР Велес за дозволите за оружје како што сакаше Палевски бидејќи тие докази веќе биле обезбедени. Одбаната бараше и преку базни станици да се утврди каде се наоѓал Палевски за време на убиствата преку неговиот телефон, за што Обвинителството кажа дека доказите за бројот кој бил на име на неговата сопруга биле презентирани. Но, првообвинителиот тврди дека цедињата што ги приложи Обвинителството биле фалсификувани и бришени. Судот не ги смета за доволно релеванти таквите докази бидејќи како што рече судијата – не значи дека сопственикот на телефонот е на истото место со уредот.

Реклама

Доколку до следното рочиште, повторно не биде пронајден пензионираниот професор со кој Палевски тврди дека разговарал во банка, судскиот процес за киднапирањата и убиствата на малолетната Вања и пензионерот Панче ќе продолжи со изведување докази на Палевски а потоа и искази на обвинетите.

Жртвите беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, а пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.