Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Палевски пред судот се изјасни за невин за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежов

Палевски не ја призна вината за убиствата на Вања и Панче Во…

Сподели:

Палевски не ја призна вината за убиствата на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска започна сведочењето на Љупчо Палевски, првообвинет за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Пред судот, Палевски изјави дека се чувствува невин и негираше дека ги извршил грабнувањата и убиствата. „Не сум ги извршил убиствата, ниту грабнувањата. Немам мотив за такво дело“, рече тој во своето сведочење.

Палевски тврди дека поседува информации што би можеле да наштетат на политичари и новинари, наведувајќи дека доколку имал користољубиви мотиви, би ги искористил тие податоци.

Реклама

Покрај тоа, ги обвини медиумите за, како што рече, некритичко пренесување на наводни лаги.

„Додека бев во Турција, мојот адвокат ми пренесе дека се води медиумска хајка против мене. На денот кога беше поднесена кривичната пријава, постоело само едно вештачење – за телефонот на Панче Жежовски. Сите други вештачења се направени по тој датум“, изјави Палевски.

Пред него сведочеа и другите осомничени: Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски.

Според обвинението, тие заедно го испланирале грабнувањето на Вања Ѓорчевска со цел да изнудат откуп од нејзиното семејство. Панче Жежовски, пак, наводно бил грабнат за да им го предаде своето возило „Цитроен“, со кое планирале да го изведат грабнувањето на девојчето.

Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а нивните тела беа пронајдени на 3 декември, во близина на Скопје и Велес.