Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Прилози

Палевски-Палчо: Пресудата е однапред донесена и не се плашам од доживотна робија

„Доживотна робија ниту ме плаши, ниту ми влијае“, му рече Љупчо Палевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Доживотна робија ниту ме плаши, ниту ми влијае“, му рече Љупчо Палевски Палчо на судијата Ивица Стефановски. Првообвинетиот за двојното убиство, повторно бара изземање на Стефановски, бидејќи криел оружје оти не му се вклопувало во однапред донесената пресуда од ексминистерот Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски. Палевски со вакви тврдења испрати ново барање до претседателот на Кривичниот суд за смена на Стефановски кој го води случајот за киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.  Според Палевски, судијата бил главен и одговорен уредник на 10-тина портали кои пишувале на тема судење за Вања Ѓорчевска.  

  • „Барам изземање на претседателот на судската постапка Ивица Стефановски, под нова околност, минатиот пат беше за неиздавање наредба, а сега за пристрасност и оневозможување фер одбрана затоа што ги злоупотребува дискреционите права и не дозволува изведување на докази кои се во моја корист. Јас таа шанса во оваа постапка ја немам.. Судијата крие оружје бидејќи не се вклопува во претходно нарачаната пресуда на прес конференција на 05.12.2023 година од страна на Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија не ме плаши ниту влијae на мене. Има докази кои судијата не сака да ги види, ниту допушта да ги презентирам. Не знам како судијата ќе ги цени доказите кога не ги прочитал“, вели Палевски.

Одбраната  на Палевски дополнително бараше од судот, чаурата која беше пронајдена со телото на Панче Жежовски да биде донесена на увид, исказ да даде вештакот и да објасни дали на истата биле пронајдени траги. Дали ќе си прифати ова, судечкиот совет ќе каже на некоја од следните рочишта.

Адвокатот на Палевски не можеше да го прикаже нивниот клучен доказ од  камерите на Безбеден град со кој сакаше да докаже дека обвинетиот Палевски бил во Скопје ноќта на 21 кон 22 ноември 2023 година.

Реклама

Судот ги чека и снимките од банката, која според одбрата ќе покаже дека Палевски бил да упаќа, во периодот од 10 до 12 часот на 27 ноември кога Вања беше киднапирана и убиена во утринските часови. Од следното рочиште пред судот искази ќе даваат обвинетите. Прв ќе биде Велибор Манев, па Влатко Кешишев, Боре Видевски како и таткото на девојчето Александар Ѓорчевски.