Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Економија

Пајковска: Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст

Потребно е да се дизајнираат и развијат сет на комплементарни политики и мерки од…

Сподели:

Потребно е да се дизајнираат и развијат сет на комплементарни политики и мерки од страна на релевантните владини институции, со цел да се зголеми потенцијалот на женското претприемништво. Проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ кој го спроведува Центарот за управување со промени е поддржан од Balkan Trust for Democracyи имаше токму таква  цел да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки во услови на Ковид-19 и да се обезбеди целосна поддршка преку унапредување на постоечките бизнис практики, дигитализација на процесите и политиките на управување, воведување на онлајн продажба и маркетинг итн, истакна Јасна Пајковска од ЦУП на обуката за дигитален маркетинг која се одржа денеска во Охрид.

  • Ние сакаме да се обезбедиме долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси како и предлог мерки за подобрување на владините програми насочени кон поддршка на компаниите во сопственост на жени. Идејата за спроведување на овој проект произлезе од воочените предизвици и проблеми со кои се соочија женските бизниси во текот на имплементирање на претходен проект во прекуграничниот регион на Полог и Елбасан, појаснува таа.

Пајковска вели дека потоа во соработка со општинските власти ги мапирале женските бизниси во Скопје, Битола и Охрид, а потоа контактирале и со стопанските комори како и организации кои работат во областа на женското претприемништво и врз основа на претходно воспоставени критериуми биле избрани 9 бизниси, по 3 од секој град.

Бизнисите кои се вклучени во менторската програма се од различни сектори и тоа: Физикална и кинезитерапија, производство на здрава храна, едукативен центар, производство на декоративни предмети за домот, филигранство, изработка на дизајнерски накит, рачни изработки од бакар, дрво и слично.

Реклама
  • А потоа беа спроведени и неколку индивидулни работилници согласно потребите за развој на секој од бизнисите. Значењето на дигитализацијата особено е зголемено во услови на пандемија кога контактите со клиенти се намалени или сведени на минимум, кога се практикува работа од дома и сл. Токму поради овие причини една од главните цели на проектот е да се воведат дигитализирани процеси кај женските бизниси, додава таа.

Пајковска вели дека претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст и вработеност кој треба да се активира, затоа стратегијата за развој на женското претприемиштво треба да има за цел економското јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.