Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

🎥 Падот на температурите и летните дождови го спасија Балканот од пожари: во Македонија уште гори кај Јасен

Македонија може да здивне. Дождот кој наврна ги изгасна поголемиот број од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија може да здивне. Дождот кој наврна ги изгасна поголемиот број од пожарите во земјава. Сепак борбата сè уште не е завршена. Пламените јазици се уште голтаат делови од шумите и ниската вегетација во Јасен кај Македонски Брод. Поради пожар во националниот Парк, регионалниот пат до Скопје е затворен. Од Центарот за управување со кризи, објавија дека пожари има и во Студеничани и Липково, а оној кај Јегуновце е ставен под контрола.

Од УХМР најавија врнежи до среда, а потоа ќе има мало стабилизирање на времето со пораст на температурите.  

Дождот помогна во гаснењето на огнените стихии и во регионот. Црногорските пожарникари во солзи. Таму се совладани сите пожари освен делови кај Риека Пиперска, каде огнот сè уште се шири. Од Службата за заштита и спасување во Подгорица прогласија победа над пожарите и им се заблагодарија на граѓаните за поддршката и солидарноста.

Реклама

Врнеше доволно за да изгаси тоа што требаше. Дождот беше единствениот спас деновиве. Инаку ќе беше катастрофа…

…Нашите куќи не беа во опасност. Туку само гореше околу. Денес почна да врне, спаси површина од околу 400, 500 метри. Тука се авионите, пожарникарите, тука е војската на помош, помагаа и цивилите. Гореше и горе, е сега тука беше кај нас критично, но спречивме, а помогна и дождот...

Гореше и во Хрватска во областа Ново Село, на хрватскиот остров Брач. Таму пожарот избувнал околу полноќ синоќа, но гаснењето е отежнато поради силниот ветер, соопштија од Центарот за противпожарни операции на Сплитскиот округ. Во неговото гаснење учествуваа 46 пожарникари со 15 возила.

Во Турција стотици луѓе се евакуирани од седум дела во северозападната туристичка провинција Чанакале. Вкупно 18 хеликоптери се борат против огнените стихии, а во гаснењето ангажирани се 343 возила и околу 1300 луѓе. Пожарите што беснеат во Шпанија се проширија на јужните падини на планинскиот венец Пикос де Европа, а властите затворија дел од популарната рута за поклонение Камино де Сантијаго. Околу дваесетина пожари опустошија повеќе од 115.000 хектари во регионите Галиција и Кастилја и Леон во текот на изминатата недела.

Експертите предупредуваат дека климатските промени ја зголемуваат зачестеноста и интензитетот на шумските пожари и другите природни катастрофи, повикувајќи ја Турција да преземе мерки за справување со овој проблем.