Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Падна главниот бастион на СДСМ, по цели 20 години, раководењето со Струмица го презема ВМРО ДПНЕ

По две децении владеење, падна бастионот на СДСМ-Струмица. По само неполни два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По две децении владеење, падна бастионот на СДСМ-Струмица. По само неполни два часа од затварањето на избирачките места веќе беше јасно дека СДСМ губи, а ВМРО-ДПМНЕ победува. Уште во првиот круг струмичани, избраа нов градоначалник.

Со 5339 гласови повеќе Петар Јанков, од ВМРО-ДПМНЕ, го претрка својот противкандидат од СДСМ, Марјан Даскаловски. „Победи вољата на граѓаните”, порача Јанков, ветувајќи им препородување на градот и заблагодарувајќи се за довербата.

 „После дваесет години сега со преземањето на локалната власт  наша цел е да видиме во која фаза се започнатите проекти и да ги довршиме, со што ќе испорачаме поквалитетна услуга до граѓаните. Новите проекти кои се предвидени во нашата програма се базирт на реалните потреби на граѓаните. Во наредниот период веднаш ќе почнеме да работиме, се со цел да го оствариме она што сме го ветиле на граѓаните„ изјави Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица.

Реклама

Црната кампања, притисоците и уцените не ги поколебаа струмичани да ја променат својата одлука. Гласајки за Јанков, граѓаните јасно кажаа дека се презаситени од контроверзното  и скандалозно владеење на фамилијата Заеви, која добро ја искористи дваесетгодишната власт  на СДСМ. Јанков, извојува убедлив триумф и во родното село на Заеви, Муртино, што уште повеќе ја потврди изборната победа во Струмица, каде граѓаните јасно покажаа дека сакат почист и поуреден град

Освен во Струмица,  СДСМ, изгуби во Берово и Делчево-општини кои на крајниот Исток, важеа за нивни бастиони. Во Штип, со разлика од 12.826 гласа,  Иван Јорданов, го победи својот противкандидат и стана градоначалник со најдобри изборни резултати на Истокот и Југоистокот. Тој ќе биде и првиот градоначалник на кој штипјани, за прв пат му дале поддршка за втор последователен мандат.