Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Пад на надворешнотрговската размена во јануари

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во  јануари 2026 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во  јануари 2026 година, изнесувала 530.7 милиони евра и бележи пад од 8.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесувала 794.9 милиони евра, што е за 6.4 % помалку од јануари 2024 година, соопшти Државниот завод за статситика.

Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.

Реклама

Во  јануари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 52.0 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57.1 % во вкупната размена.