Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Овие избори ќе бидат запаметени како едни од најдобро организираните и најтранспарентни избори досега

Во фер и мирна атмосфера гласаа македонските граѓани  на изборите за градоначалници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во фер и мирна атмосфера гласаа македонските граѓани  на изборите за градоначалници и советници. Изборниот ден помина без посериозни нерегуларности, надлежните институции внимателно го следеа целиот процес. На неколкуте места каде што бил нарушен јавниот ред и мир било реагирано навреме, со цел да се обезбеди непречено гласање.

Регистрирани биле 29 прекини во траење од 15 до 30 минути, кои настанале најчесто поради технички проблеми со уредите за идентификација. Истите во најкус рок биле решени и се продолжило со гласањето . Најголемиот дел од нив се случиле во Тетово и Охрид.

Пријавени се вкупно 91 настан на територија на Македонија. Од кои најголемиот дел се однесуваат на агитирање и можен поткуп, а дел на фотографирање на гласачкото ливче лепење плакати и упатени закани. По превземени мерки, за 42 од пријавените случаи постапките се завршени, а во најголем број истите наоди не се потврдени“, изјави министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски.

Реклама

Од ОЈО велат дека бројката за сторени кривични дела направени во текот на избирачкиот процес во Македонија е мал и дека обвинителствата веќе превземаат дејствија за нивно целосно испитување. Регистрирани биле неколку случаи за наводен поткуп и влијание врз гласачите.

ОЈО Велес презема дејствија за испитување на наводи за поткуп при избори и гласање, против две лица во селото Согле, Општина Чашка. ОЈО Крива Паланка исто така испитува наводи за поткуп на гласачи. ОЈО Скопје е известено од МВР за две задржани лица на гласачко место во Општина Чаир кои одбивале да се легитимираат, како и за 2 фотографирања на гласачко ливче во Гази Баба“, велат од Основното Јавно Обвинителство.

Оценка дека изборите беа фер, слободни и демократски стигна од сите политички партии . СДСМ и ДУИ посочија само неколку изолирани случаи, за кои најавија дека институционално ќе реагираат. Забелешките ќе ги разгледува ДИК.