Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Ова лето нема да се гаснат пожари со гранка – Македонија доби интервента пожарна, државата најподготвена досега за справување со шумските пожари

Нема повеќе да се гаснат пожари низ државата со гранки како изминатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема повеќе да се гаснат пожари низ државата со гранки како изминатите години. Оваа влада стави на располагање 38 специјализирани теренски возила на војската кои ќе бидат пренаменети за справување со пожари и катастрофи. Македонија, преку координација со општините и стопанството, за првпат доби државна интервентна противпожарна служба. На промоцијата на возилата во Криволак, Мицкоски објасни дека на овој начин ќе се заштедат десетици милиони евра од буџетот.

„Најпрво ќе ми дозволите да се заблагодарам на општестевено одговорните компании кои што помогнаа ова денеска што успеавте да го видите и она што понатаму ќе го гледаме ќе биде реалност. Оваа недела директоре треба да стигне од сервис и вториот авион кој што беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот, или почетокот на август, по два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија, така што кога би се споредило со минатото навистина не можеме да правиме споредба. Исто така е во функција забраната без дозвола за движење во шумски предели и планини. Така што кога сето ова ќе се заокружи можам да кажам дека многу многу поподготвени сме од било кога во минатото да се справиме кога има такви предизвици“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Се работи за возила од армиската и полициската флота кои поради негрижата на минатата влада на СДСМ и ДУИ повеќе од осум години беа нефункционални и заборавени, а сега се целосно обновени и опремени. Без трошок од буџетот, благодарение на донации и знаење од академскиот сектор, тие стануваат нов столб на националната одбрана од пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој лани во недостаток на механизација пожари гасеше со гранки, вели дека овие возила се едни од најдобрите, а со нивниот резервоар со капацитет од 1500 литри вода, можат да излезат секаде на терен каде има огнени стихии, па и на места каде што пожарникарите не можат да се пробијат.

Реклама

„Благодарение на премиерот Христијан Мицкоски, благодарение на Владата, благодарение на Министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски и благодарение на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оваа година гранката нема да ми треба, бидејќи за разлика од минатите години имаме многу повеќе ресурси, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Сите овие возила претежно би се користеле на отворен пожар, со нивните карактеристики, затоа што имаат погон на сите оски“, изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Досега, пожарникарските капацитети беа ограничени на општинско ниво. До овој момент ЦУК располагаше само со 18 теренски возила „Пинцгауер“. 15 оклопни возила БТР-80, 5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона. Сега, со воспоставувањето на првата државна служба и јасната поддршка од Владата, државата воспоставува нов модел на реакција – мобилен, координиран и посветен на заштитата на граѓаните, имотот и природните ресурси.