Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Отворени Деновите на медиумска писменост 2025

Од денеска до 24 ноември, во организација на Мрежата на медиумска писменост,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска до 24 ноември, во организација на Мрежата на медиумска писменост, по седми пат се одржуваат Деновите на медиумска писменост 2025. Членките на Мрежата и нивни поддржувачи ќе организираат повеќе од дваесетина настани на различни локации низ целата држава, а некои настани ќе се одржат и онлајн. На овој начин земјава се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

На денешната Конференција за медиумска писменост 2025 „ЕУ – Западен Балкан“, во организација на Делегацијата на Европската унија, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски посочил дека oваа година, под мотото „Ти знаеш, друг не знае. Твојот коментар може да помогне“ на Деновите на медиумска писменост, се фокусирале на критичкото размислување и на личната одговорност во дигиталниот простор.

-Затоа што денес, повеќе од кога било, не е доволно само да препознаеме дезинформација — потребно е да реагираме, да споделиме знаење, да бидеме активни граѓани, потенцирал Трајчевски.

Реклама

Од АВМУ соопштуваат дека конференцијата е носечки регионален настан на Европската служба за надворешно дејствување во областа на медиумската писменост, а оваа година конференцијата во Скопје го означува и почетокот на Деновите на медиумска писменост.

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Н.Е. Михалис Рокас истакнал дека во динамична медиумска средина, во којашто социјалните медиуми, вештачката интелигенција и странското манипулирање со информации и влијание го преобликуваат начинот на кој граѓаните им пристапуваат и ги интерпретираат информациите, неопходно е да се вложат напори во зајакнување на колективниот одговор кон дезинформациите и влијанието на малициозни актери.

-Медиумската писменост е една од најсилните алатки што ги имаме за да ги заштитиме општествата. Кога луѓето можат да препознаат лажна содржина, да ги преиспитаат содржините кои ги сретнуваат на интернет и да бараат доверливи информации, тие стануваат активни чувари на демократијата. Ова, меѓу другото, е и една од причините зад „Европскиот штит за демократија“, иницијатива на ЕУ која ја зајакнува нашата заедничка подготвеност да се спротивставиме на манипулативни информации и да изградиме колективна отпорност, потенцираше амбасадорот Рокас.

Во фокусот на Конференцијата се повеќе теми меѓу кои – платформите на социјалните медиуми како дел од проблемот и од решението за надворешна манипулација и дезинформирање; родовите дезинформации и дигиталната омраза; важноста на институционалниот одговор на заканите од надворешна манипулација и дезинформирање; вештачката интелигенција надвор од чет-ботовите: суверенитет, градење капацитети за вистината; следната генерација и платформите: навигација низ ризици и можности.

За потребите на Деновите за медиумска писменост 2025 изработени се видео и аудио спот на македонски, албански и англиски јазик, кои веќе се емитуваат на медиумите со цел, како што велат од АВМУ, поголем број граѓани да се информираат за настаните за медиумска писменост. Оваа година спотовите за Деновите на медиумска писменост ќе бидат поставени и на неколку локации на видеобимови во градот Скопје.

Повеќе информации за настаните што ќе се одржуваат во живо или онлајн и за медиумските содржини кои ќе се прикажуваат во рамките на Деновите, може да се најдат на веб – страниците mediumskapismenost.mk и avmu.mk, како и на Facebook, Instagram и Youtube каналот на Мрежата за медиумска писменост.