Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Отворени 54-те Мајски оперски вечери

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали сопранистката со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, синоќа беше отворено 54-то издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“.

Фестивалот беше отворен со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, што е првпат две претстави да бидат изведени на почетокот на фестивалот. 

-Овој фестивал повеќе од пет децении е симбол на врвната уметност, културната традиција и љубовта кон операта, а фестивалскиот оган годинава го запали нашата врвна сопранистка со меѓународна кариера, Ана Дурловски. Нека музиката, уметноста и сценската магија и оваа година бидат мост што нè обединува и инспирира, објави на својот Фејсбук профил министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Реклама

Годинава МОВ е во знакот на дела од Џакомо Пучини и од Џузепе Верди. На програмата се уште две дела од Пучини: „Тоска“ (16 мај) и „Мадам Батерфлај“ (20 мај). Вердиеви опери годинава на МОВ се „Риголето“ (13 мај), „Травијата“ (27 мај) и „Набуко“ – со која на 31 мај ќе биде затворен фестивалот. На програмата е и балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајовски, кој ќе биде изведен на 22 мај. 

Во двете опери за отворањето на МОВ гостуваа уметници од Италија. Пјер Франческо Маестрини е режисер и Џанлука Мартиненги – диригент на двете претстави. Во операта  „Сестра Анџелика“  насловната улога ја игра Валентина Бои, исто така од Италија. Во екипата се домашни солисти, хорот и оркестарот на НОБ.  Дејството се одвива во осамен манастир во Италија, кон крајот на 17 век, каде што калуѓерката Анџелика седум години тивко страда за искупување на сторениот грев.

Италијанскиот оперски пејач Роберто Де Кандија, го играше насловниот лик во операта „Џани Скики“, настапувајќи заедно со екипата од НОБ и оркестарот. Инспирацијата за ова оперско дело е од епизода од „Пеколот“ на Данте Алигиери. Приказната е сместена во Фиренца, во 1299 година, во екот на културната експанзија која градот ќе го направи најбогат во Европа и на светот ќе му ги донесе хуманизмот и ренесансата.

-Оваа година подготвивме репертоар што внимателно ја спојува традицијата со новата енергија. Секоја од претставите на програмата носи различна емоција и заедно создаваат едно целосно искуство што посакуваме публиката да го памети. „Мајките оперски вечери“ се и огледало на институцијата, кое покажува колку сме подготвени да работиме посветено, да поставуваме стандарди и да создаваме продукција што може достоинствено да стои рамо до рамо со европските сцени, истакна Арсовски.