Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Отворена предистрага: Обвинителството проверува дали незаконски се прислушувало во време на СДСМ и ДУИ

Предистрагата е почната, но нема информации против кого, за што и кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предистрагата е почната, но нема информации против кого, за што и кој се е одговорен за најновиот скандал со незаконското следење и прислушкување кое се одвивало во време на владењето на СДСМ и ДУИ. Обвинителите за гонење организиран криминал и корупција, потврдија дека отвориле предистражна постапка по трите известувања од Агенцијата за национална безбедност, дека во периодот од 2019-та до 2024-та година, во АНБ поранешен директор и група вработени постапувале незаконски, непрофсеионално и неетички. Но освен потврда дека се истражува, поради тајноста и осетливоста на целиот случај нема повеќе информации. 

ТЕЛОП ОЈО ГОКК: Обвинителството веднаш отвори предмет по кој активно се постапува во насока на испитување на наводите од известувањата, што подразбира дека во моментов станува збор за спроведување на предистражна постапка. Со оглед на тајноста на предистражната постапка во моментов не може да се споделат детали за преземените и идните мерки и активности што предметниот обвинител ги спроведува во рамките на своите надлежности.

Засега нема информации и за опсегот на нелеганата акција, односно кој се бил предмет на обработка на тајната полиција. Од тоа што е објавено, главна цел бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и сегашен премиер Христијан Мицкоски.

Реклама

По него, на списокот била поранешната контроверзна обвинителка Вилма Русковска, како и новинарите Љупчо Златев и Кристијан Ландов. И ова се само мал дел од имињата на луѓето кои АНБ, под раководната палка на екс-директорите Виктор Димовски и Зарко Милошевски незаконски биле следени и прислушкувани.

Неофицијалано списокот е многу поголем. Според некои медиумски извештаи, мала група во АНБ „ја киднапирала“ институцијата и ги користела ресурсите за лични и политички цели, вклучително и за влијание врз притвори и како и издавање на безбедносни сертификати.

Во тој период јавен обвинител беше Љубомир Јовевски, но надележен за проверка на посебните мерки бил сегашниот шеф на обвинителството Љупчо Коцевски.

Инаку, АНБ преку известувањата бара обвинителствоо да ја преиспита работата на еден поранешен директор и група вработени во Агенцијата. Доколку се потврдат најновите индиции на АНБ, ова ќе биде втора голема линија на незаконско следење после таа од 2015 година. Тогаш СДСМ како опозициска партија, ги искористи прислушкуваните разговори за да го сруши ВМРО-ДПМНЕ и дојде на власт.

Матеја Петровски